Запознајте ги „Ломадите“

„Ломадите“ се новиот тип на работници кои се флексибилни и можат да работат од повеќе локации.

Флексибилниот хибриден работен модел создаде посебен нов вид на работници наречени „ломади“, кои се група на луѓе кои имаат можност да работат на повеќе локации без фиксно работно место.
Кога ќе го слушнете терминот номадски работник, веројатно помислувате на дигитални номади, што е точно. Бројот на дигитални номади има огромен пораст од 50% само од 2019 до 2020 година.
Постои уште една растечка група на луѓе кои не мора да се сметаат себеси за нова номадска или патувачка група. Тоа се „ломадите“ или локалните номади.

Компаниите денес имаат привилегија да изберат да бидат целосно remote work type, хибридни или со фиксни работни места.
Хибридниот пристап е дел од истото решение за оптимизирање на слободата на избор на работниците, благосостојбата и нивните потреби кои се најбарани во денешно време.
Како резултат на тоа, многу компании ги менуваат своите начини на работење со цел да ги задоволат потребите на вработените и нивната благосостојба во просторот, да го постигнат тоа чувство "како дома далеку од дома".

Многу е важно да се има професионален консултант за да се постигне вистинскиот резултат за начинот и местото на закуп, управувањето со работните позиции и уредувањето на канцелариските простории со цел да се запази сигурноста и продуктивноста на вработените.

Каде се тука "ломадите"?
Ломадите се луѓе што имаат опција да работат на повеќе локации во град или регион без фиксно биро или канцеларија и се потенцијални клиенти на секој актуелен co-work простор.
Како и обичните патници, тие резервираат простор по потреба, кога, каде и какошто имаат потреба од вршење на нивната работа.

Спротивно на традиционалната улога на секој човек кој секојдневно патува до фиксното работно место.
Надвор од најочигледната разлика во постоењето на една потенцијална канцеларија наспроти повеќе работни опции, е што работењето од далечина станува многу почесто барано од традиционалните фиксни работни позиции.

Затоа Property One Real Estate and Development како иновативна компанија ги следи трендовите и ги обезбедува сите можни решенија за потребите на секој тип на работник.

Нашите co-work простори располагаат со сите потребни удобности за секој тип на работник, каде е многу важно да се запази тоа чувство на "дома далеку од дома".

Нашиот нов co-work простор можете да го погледнете на следниот линк

https://propertyone.mk/en/project/project-in-collaboration-with-delight-... или да го посетите во секое време на ул.Франклин Рузвелт, бр.13 во Скопје.

Доколку се чувствувате преоптоварени да работите во главен град, ние нудиме релаксирачка атмосфера за помирно работење, на прекрасно место за одмор, во Охрид, каде што можете да уживате во погледот на езерото, свежата клима и да направите работни паузи пливајќи во базен или уживајќи со коктели додека се сончате, се тоа работејќи подалеку од вашата канцеларија.

Опциите се бесконечни.
Сè се сведува на изборот и флексибилноста секој да работи продуктивно од кадешто сака.
 
Работењето надвор од границите на традиционалните канцеларии стана повообичаено. Оваа промена во начинот на работење резултираше со поголема флексибилност и одговор на трендовите кај сите компании кои се грижат за своите вработени, како и стекнувањето со нови.
 
Многу јавни и приватни организации почнаа да усвојуваат слични стратегии, додавајќи опции за работење на нивните вработени во co-work и флексибилни канцеларии, партнерство со компании за подобрување на работниот простор или промена на целокупниот амбиент со цел задржување на работната сила која е клучна за една компанија.

Овие трендови ќе продолжат да растат кај оваа група на вработени/работници кои сакаат да работат пофлексибилно од повеќе локации, што ќе резултира со големо влијание на тоа како индустријата и градовите ќе продолжат да се развиваат во иднина.