За нас

Property One Real Estate and Development е иновативна агенција за недвижности, co-work хаб, конслатинг агенција и компанија која ќе ви помогне не само да го пронајдете вашиот идеален имот но и да го преуреди и опреми до фаза "клуч на рака". Ние ги превземаме "главоболките" на нашите клиенти и ги трансформираме во наше задоволство, а тоа е да ви ги надминеме очекувањата.
 
Нашите основни вештини
Долгогодишно искуство на локален и меѓународен пазар
Целосна контрола на процесите при купопродажба, изнајмување и опремување на недвижности
Меѓународен тим што зборува англиски, шпански, српски, бугарски, руски, грчки јазици
Широка мрежа на партнери во повеќе области
2D и 3D  визуализација и рендерирање на објекти
Асистенција при секаков вид на преселби
Продажни мотивациски говори и обуки 
 
 
Комплетно уредување на канцелариски простор
На нашите клиенти им обезбедуваме вршење надзор при уредување на просторот, архитектонски услуги, исцртување, 2D и 3D прикази, комплетно уредување на деловен простор до фаза "клуч на рака".
За нашите интернационални клиенти нудиме online видео презентации и извештаи за целокупниот процес на уредување на просторот.
Константно ги унапредуваме своите услуги како би постанале првиот комплетно интегриран систем од пронаоѓање на идеален простор за нашите клиенти до канцелариски  дизајн и уредување на канцелариски простори.
Ние сме горди на нашите солуции кои помагаат да стратешки се развијат и изградат неопипливите вредности на компаниите. Трансформирајки го начинот на кој луѓето работат, ние креираме атмосфера на комфор и удобност на работното место и во исто време ја правиме вашата канцеларија инспиративна за работа како и место каде додека расте продуктивноста, луѓето уживаат во постигнувањето на најдобрите резултати.
Постојано изнаоѓаме нови начини за лично и професионално унапредување како би понудиле решениа со перфекционистички детали, да воспоставиме високи стандарди за квалитет, како и да ги надминеме очекувањата на клиентите.
 
Проценка на имот
Kомплетна понуда и професионална услуга за продажба на вашиот имот.
Нашата цел е да го продадеме/изнајмиме вашиот имот по најдобра цена, по развиен метод за проценка со сите потребни информации.
Нашата агенција располага со широка база на клиенти од повеќе земји.
Под недвижен имот се подразбираат станбени куќи (градби за индивидуално домување), станбени згради (градби за колективно домување), деловни зради (погони, магацини, хали и стоваришта), деловни простории и дуќани, административни згради и административни простории, згради и станови за одмор и рекреација и други објекти, како и градежно земјиште.
 
Стратегии за маркетинг и продажба
За да го продадеме / изнајмиме вашиот имот по најдобра цена, ние развивме метод на проценка со сите потребни информации. Ви предлагаме редовно и квалитетно следење на процесот, како и маркетинг стратегија за продажба на имотот. Откако ви ја доставуваме нашата проценка за вашиот имот, развиваме понатамошна стратегија за продажба.
 
Финансиски консалтинг
Финансиски консалтинг и стратегии за сите клиенти кои сакаат да го финансираат купувањето на недвижен и подвижен имот со заем. При купување на имот ги разгледуваме најдобрите можности според вашите услови предложени од наши локални експерти.
Искуствата во медијацијата и преговорите им помагаат на клиентите да ги добијат најдобрите понуди. Ние заедно со нашите клиенти ги проучуваме целите и стапуваме во контакт со нашите партнери за да заштедиме време и пари на нашите клиенти.