Како дизајнот на канцеларијата може да влијае на здравјето и благосостојбата на вработените
Почнувајќи од 2021 година, вработените почнаа да се враќаат во канцелариите и очекуваат работодавците да обезбедат безбедна работна околина што ќе биде олицетворение на физичкото и менталното здравје. Последните две години ни покажаа дека здравјето е поважно од нашата физичка благосостојба. Вработените сега се фокусирани во канцеларијата да се чувствуваат сигурно и безбедно. Всушност, неодамнешните податоци за менталното здравје покажуваат дека 9 од 10 вработени изјавиле дека стресот на работното место влијае на нивното ментално здравје, предизвикувајќи ја потребата за креативни, но смирувачки средини. Понатаму, на 60% од вработените денес им е тешко да се концентрираат поради нивната работна средина во споредба со 46% од вработените во 2018 година, што ја нагласува потребата денешните работни места да бидат продуктивни и инспиративни. Враќањето во канцеларија, барем неколку дена во неделата, е од суштинско значење за негување на личните односи, интегрирање на нови вработени, генерирање идеи и градење на компаниска култура. Клучот за успехот е создавање средини кои се фокусираат на подобрување на менталното и физичкото здравје на вработените.
Во просек, една третина од работниот ден надвор од домот се поминува во канцеларија. Затоа, за да се постигнат целите на јавното здравје на работното место, бојата, природните елементи, еклектичните простори и креативното размислување се суштински фактори кои треба да се земат во предвид при дизајнирањето.
Придобивките од бојата и природата
Боите имаат капацитет да влијаат на нашето расположение и да имаат влијание врз нашата ментална и физичка благосостојба. Се вели дека зелената боја го подобрува расположението и го ублажува стресот. Вградувањето на растенија и друга биофилија во дизајнот на работното место може да го намали стресот и да создаде утешна и смирувачка средина. Употребата на природни и тактилни материјали како дрво, природни влакна, тула, вода и природна светлина, исто така, може да го намали стресот, да ја подобри меморијата, да ги зголеми позитивните чувства и да ги охрабри вработените да се вклучат во нивното сетило за допир и да комуницираат со околината. Слушањето и гледањето вода и растителни елементи во отворени простори, исто така, се покажа дека помага да се смират луѓето и да се зголеми продуктивноста. За да се подобри физичката благосостојба, вградувањето на големи прозорци и други алатки кои привлекуваат природна светлина на работното место може да го намали напрегањето на очите, главоболките и нивото на стрес.
Природната светлина, пристапот до просторите за работа и интеракцијата на отворено, работните простории со контролирана температура и ергономските бироа за седење прилагодливи со висина обезбедуваат удобност и рамнотежа помеѓу заедничката и фокусираната работа.
Дизајн за намалување на стресот
Додека стресот е вообичаен во работните средини со брзо темпо, нашиот тим е фокусиран на здравјето и благосостојбата, како и ублажување на стресот на вработените, се ова инкорпорирано во дизајнот на секоја канцеларија. Главните карактеристики вклучуваат жив зелен ѕид, природни материјали од дрво, камен и бетон, обилна сончева светлина, енергетски-ефикасно греење и ладење. Флексибилниот дизајн на канцеларијата обезбедува уникатен холистички пристап кон здравјето на вработените додека ја прифаќа иднината на техничкиот напредок и синергетскиот медицински пристап. Просторот дизајниран со холистичко искуство им овозможува на вработените да се чувствуваат добредојдени и удобно веднаш штом ќе влезат во канцеларијата.
Простори за паузи и движење
Дополнително, инкорпорирањето на наменски простори кои проветруваат чист и свеж воздух низ целата територија, развива чувство на здравје, заедница, соработка и удобност на работното место и е од суштинско значење за зајакнување на ендорфините. Дополнителните услуги како што се фитнес сали, јога сесии на барање во канцеларија, места за игри и тивки зони се сè почести и им нудат на вработените место за „бегство“ и размислување, поттикнувајќи зголемена продуктивност и позитивни размислувања. Дополнително, дизајнирањето на ергономски работни станици како што се столчиња за поддршка, бироа со прилагодливи височини и правилен распоред на бироата обезбедуваат можности за лесно движење и тимска работа, што ја зголемува ефикасноста и ги намалува седечките склоности.
Главниот фокус се акцентира на здравјето и благосостојбата на вработените во удобен простор за работа и одмор со вклучени простории за релаксација и игри дизајнирани да ја обезбедат често потребната „ментална пауза“ за да се избегне заморот од работа. Надворешните, „де-стрес“ зони вклучуваат Зен зона, со зелени ѕидови и мали фонтани или аквариуми во зависност од можностите на просторите, кои нудат можности за вработените да се одморат и да се релаксираат или да градат врски со своите колеги во еден релаксиран амбиент.
Фокусирани на иднината и здравјето
Инкорпорирањето на програми ориентирани кон здравјето на работното место, како и превентивни решенија во дизајнот, ќе обезбедат чувство на безбедност и поврзаност со комапнијата, што е најважно за еден работодавец. Корпорациите се охрабруваат континуирано да го одржуваат работниот простор, како и да асимилираат ангажирани активности, како што се креативните работилници, за вработените да ги активираат во рамките на дизајнираниот простор.
Со разбирање на потребите на вработените и клиентите, знаеме дека здравјето и благосостојбата се на врвот на приоритети и треба да се прилагодат во секој простор во новото време на пандемии. Иднината на дизајнот на работното место ќе остане фокусиран на промовирање на благосостојба и опкружувања насочени кон цели кои водат до зголемен тимски морал, посилна комуникација и севкупно задоволство на вработените во компаниите, враќајќи го чувството на безбедност и единство во канцеларијата.