

Се продава нов одличен стан на добра локација во Центар.
Станот се наоѓа во непосредна близина на основното училиште Песталоци и располага со површина од 106м2 и дополнителни 74м2 во мансарда кои се поврзани со скали.
Секоја соба од станот и кујната излегуваат на тераси кои нудат убав поглед кон парк и отворен поглед. Сите тераси вкупно имаат површина од 40м2.
Во станот има две спални соби, од кои главната спална има своја бања и тераса, пространа дневна соба, кујна со трпезарија и бања.
Со станот од ПОЦ следуваат и две паркинг места.
Целиот стан е опремен со врвни материјали, Rehau цела столарија и Roca санитарии.
Греењето и ладењето во станот е регулирано на три начини, со инвертер клими, камин на пелети поврзан со радијатори и на струја со радијатори.
Продажната цена на станот изнесува 300.000еур.
Продажен Агент - Стефан Ѓоргиевски