За објектот

Се продава модерен дуплекс стан со rooftop тераса во Центар.

Станот има вкупна површина од 118м², со дополнителна rooftop тераса од 54м². Лоциран е во Центар, на мирна и урбана локација со лесен пристап до сите важни содржини, идеална за динамичен градски живот.

Станот се наоѓа на 4-ти и 5-ти кат и е распределен на две нивоа, со приватен пристап до 5-тиот кат преку лифт со картичка, што овозможува дополнителна безбедност и ексклузивност.

4-ти кат (54м²) располага со главна спална соба со сопствен тоалет, две дополнителни спални соби, уште еден тоалет и тераса.

5-ти кат (64м²) располага со пространа дневна соба, кујна со трпезарија и тоалет.

Rooftop терасата од 54м² има целосно приватен пристап и е совршена за одмор, дружење и уживање во урбаниот амбиент.

Греењето и ладењето се регулирани преку топлотни пумпи со фенкојлери, како и подно греење, што овозможува високо ниво на комфор во текот на целата година.

Достапно е и паркинг место по цена од 15.000 евра.

Објектот е во фаза на градба, со планирано завршување и вселување до крајот на 2026 година.

 

За повеќе информации, контактирајте нe:

 

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
домофон
лифт
паркинг / гаража
приватно греење
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија