За објектот

Нов дуплекс стан во Козле на одлична локација со површина од 124м2.

Располага со три спални соби, дневна соба со кујна на горниот кат, кујна со трпезарија на долниот спрат, две бањи, гостински тоалет и тераси со вкупна површина од 100м2 вклучувајки и кровна тераса. Главната спална соба располага со сопствена бања и сауна.
Дневната соба е светла и има излез на голем балкон кој нуди прекрасен поглед на градот, и скали кои водат до голема кровна тераса на која има изводи за вода и струја. 
Станот има и подрум од 10 м2. Има 2 сателитски антени, оптички интернет и систем за обезбедување кој овозможува мониторинг од специјализирани компании 24/7. 

Целиот објект е заграден и има 8 безбедносни камери кои работат 24/7.
Греењето во станот е предвидено да биде регулирано со камин на пелети, а ладењето со инвертер клима уреди.

Објектот располага со лифт и со сопствен паркинг простор, кадешто следува едно обележано паркинг место за станот.

 

Продажен Агент - Стефан Ѓоргиевски

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
камин
климатизирано
лифт
паркинг / гаража
поглед на планина
празен
приватно греење
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија