За објектот

Се продаваат два стана споени во еден на одлична локација во Центар.

Станоовите се наоѓаат на премиум локација во Скопје, граничат со реката Вардар со поглед кон природното зеленило. На едната страна е прекрасниот Градски парк, кој нуди пешачки прошетки и патеки за трчање, тениски клубови и ресторани, поволно за фамилија со мали деца или некои едноставно сакаат да се смират. Од другата страна има дел од паркот по кој се стигнува до центарот за приближно 10 минути пешачење.

Покрај реката има осветлени пешачки патеки, велосипедски патеки и речни брегови. За оние кои го сакаат спортот, националниот стадион е на една минута. Становите се поврзани со соседниот луксузен хотел со 5 ѕвезди и располагаат со удобности за живеење ресторани, спа и теретана. Совршено е кога пријателите и гостите доаѓаат да престојуваат нудејќи приватност и блискост доколку е потребно.

Становите се со површина од 278м2, со одлично смислен концепт и доста комфорен распоред.

Лоцирани се на 3ти кат и нудат одличен поглед кон реката Вардар.

Становите располагаат со пет спални соби, две пространи и комфорни дневни соби, две кујни, две бањи, два гостински тоалети, една остава и две тераси.

Секоја од собите излегува на тераса, со поглед кон реката Вардар.

Сите прозори се обезбедени со мрежа за заштита од инсекти.

Греењето и ладењето во становите е регулирано преку приватно греење и ладење.

Пакетот на имотот вклучува две обезбедени, алармирани и електрични безбедносни врати, двојни предни гаражни единици со паркинг за четири големи автомобили и многу простор за велосипеди и полици.

 

 

Продажен Агент - Благоја Ристиќ:

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
климатизирано
комплетно опремен
лифт
машина за перење / сушење
опремен
опремена кујна
паркинг / гаража
поглед на парк
погодно за миленичиња
празен
приватно греење
просторија за гардероба
Контакт
+389 78 30 60 83
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија
apartments Skopje станови во Центар Стан Panorama Residence apartments for rent