За објектот

Индустриски објект во Илинден - наменет за производство, логистика и складирање

Се изнајмува индустриски објект лоциран во развиената индустриска зона Илинден, со одличен пристап и функционална организација на просторот.

Објектот е проектиран и изведен согласно важечките стандарди, со целосно изработена техничка и геомеханичка документација, што обезбедува сигурна и стабилна основа за различни деловни намени.

Просторот е погоден за производство, магацинско работење, логистички операции, дистрибуција или комбинирана деловна активност, со можност за адаптација според потребите на идниот корисник. Локацијата овозможува лесен пристап за товарни возила и е позиционирана во индустриска средина со активни деловни капацитети.

Вкупна површина на земјиштето е околу 88.000м2.

Магацинскиот простор располага со вкупна површина од 1000м2 со максимална висина од 8м.

Канцеларискиот дел е со вкупна површина од 250м2 поделен на два ката. 

За повеќе информации контактирајте не:

Продажен агент: Нино Латиф

 

Инфо
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија