

Се нуди за продажба инвестициски проект составен од 11 градежни парцели, распределени во 2 катастарски парцели. Во поголемата катастарска парцела се наоѓаат 7 градежни парцели, додека во другата се предвидени 4 градежни парцели.
Секоја градежна парцела е со намена А1 – домување во станбени објекти, со можност за изградба на објекти со по 4 станбени единици, согласно важечките АУП-и усвоени од Општина Ѓорче Петров.
За сите парцели се изработени и усвоени идејни проекти, врз основа на кои се подготвени и основни проекти со сите фази, вклучително и мислење од ИЗИИС. Истите може веднаш да се аплицираат во општина за добивање одобрение за градење.
Според проектната документација:
Во секој објект се предвидени по 4 станови (по еден на кат)
Становите се со две спални соби и пространи тераси
Обезбедени се паркинг места во рамки на парцелите
На приземје се предвидени деловни простори
На ниво -1 се предвидени подрумски простории
Вкупната проектирана нето површина изнесува 2.662 м².
Понуда:
Се продава удел од 21%, односно 559 м², по цена од 1.000 €/м², што изнесува вкупно 559.000 € за целиот проект.
Проектот се продава исклучиво како целина.
Продажен Агент - Дамјан Димковски