За објектот

Се нуди за продажба инвестициски проект составен од 11 градежни парцели, распределени во 2 катастарски парцели. Во поголемата катастарска парцела се наоѓаат 7 градежни парцели, додека во другата се предвидени 4 градежни парцели.

Секоја градежна парцела е со намена А1 – домување во станбени објекти, со можност за изградба на објекти со по 4 станбени единици, согласно важечките АУП-и усвоени од Општина Ѓорче Петров.

За сите парцели се изработени и усвоени идејни проекти, врз основа на кои се подготвени и основни проекти со сите фази, вклучително и мислење од ИЗИИС. Истите може веднаш да се аплицираат во општина за добивање одобрение за градење.

Според проектната документација:

  • Во секој објект се предвидени по 4 станови (по еден на кат)

  • Становите се со две спални соби и пространи тераси

  • Обезбедени се паркинг места во рамки на парцелите

  • На приземје се предвидени деловни простори

  • На ниво -1 се предвидени подрумски простории

Вкупната проектирана нето површина изнесува 2.662 м².

Понуда:
Се продава удел од 21%, односно 559 м², по цена од 1.000 €/м², што изнесува вкупно 559.000 € за целиот проект.

Проектот се продава исклучиво како целина.

Продажен Агент - Дамјан Димковски

Инфо
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија