За објектот

Се изнајмува комплетно нов магацински простор лоциран во индустриската зона Визбегово, со вкупна површина од 432 м

Објектот е новоградба и нуди функционален и практичен простор погоден за складирање, лесна дистрибуција и различни деловни активности. Во рамки на магацинот се наоѓа и канцелариски простор со површина од околу 50 м², погоден за административно работење и секојдневна организација на бизнис процесите.

Пред објектот е обезбеден паркинг простор за приближно 5–6 возила, што овозможува лесен пристап за вработени и посетители. Магацинот располага со еден пристап за товарни возила, при што пристапот е наменет за камиони со средна големина, додека влез за шлепери не е возможен.

Локацијата во индустриската зона овозможува брза поврзаност со главните сообраќајници и лесна дистрибуција кон Скопје и околината, што го прави просторот одлична опција за компании кои бараат нов и функционален магацин.

Продажен агент: Нино Латиф

Инфо
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија