За објектот

Се изнајмува магацин во индустриска зона Кавадарци, со површина на парцела од 4400м2 и со намена Г2 за лесна и незагадувачка индустрија.

Парцелата располага со двор од 2900м2 и магацински дел со вкупна површина од 1500м2 со димензии 60x25 метри, со можност да се изведат дополнително канцеларии на спрат. Во рамките на парцелата има проектирано улица по која се обиколува целиот објект со камион/шлепер.

Магацинот е со челична конструкција, има ѕидови и таван со термо панели со дебелина пет, под од Подинг-К, направена е комплетна електрична и водоводна инсталација и внатрешно магацинот е отворен простор и нема столбови. Објектот располага со два влеза во дворот и четири влеза во објектот со автоматски големи врати.

Продажен Агент - Венијамин Карајанов

Инфо
паркинг / гаража
празен
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија