За објектот

Се изнајмува магацински простор со вкупна површина од околу 950 м², лоциран во индустриската зона Визбегово

Објектот се наоѓа на градежна парцела со вкупна површина од 2.412 м², со уреден пристап и функционален простор погоден за логистика, складирање и лесно производство. Имотот е со чиста сопственост 1/1 и регулирана документација.

Карактеристики:

  • Вкупна површина на магацин: 950 м²
  • Канцелариски простор со една конференциска и две помали канцеларии во магацинот
  • Висина на објект: 6.5м +
  • Градежно земјиште – урбана зона
  • Два пристапи за товарни возила – главен влез и дополнителен пристап од задната страна
  • Пристап погоден за камиони и шлепери
  • Пространа парцела со можност за манипулативен простор
  • Индустриска локација со одлична поврзаност

Локацијата овозможува брз пристап до главните сообраќајници и лесна дистрибуција кон Скопје и околината.

Магацинот располага со 11 одвоени комори погодни за организирано и контролирано складирање на прехранбени производи, суровини и дистрибутивна стока.

Продажен агент: Дамјан Димковски

Инфо
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија