Деловен објект од 2000м2 во Карпош.
Објектот е во непосредна близина на салоните за возила, Хубо маркет, Систина болница и хотел Александар Палас. Тврда градба со масивни бетонски плoчи и столбови, енергетски ефикасен со термоизолација како и топлотна пумпа за греење со радијатори, и нови инвертер клима уреди за ладење.
Располага со товарен лифт 5 тонски со платформа 4м Х 2м со кој што се конектирани сите нивоа во објектот. Рампа за истовар на роба директно од камион пред лифтот и влезот на магацинот на приземје.
-1139м2 вкупна површина на парцела
-556м2 двор-паркинг
- 2000м2 вкупна корисна површина организирана на 4 нивоа + помошни простории во задниот дел на објектот.
- 392м2 во сутерен моментално како магациснки простор со висина од 5м со лед осветлување, бели ѕидови и индустриски под.
- 396м2 на високо приземје моментално 200м2 како уреден деловен изложбен простор со 2 канцеларии, 2 тоалети и кујна + 196м2 магацин.
- 484м2 1-ви кат моментално како магацин со деловни простории поврзан со внатрешни скали и товарен лифт 4м Х 2м со 2 тоалети и мини кујна.
- 479м2 2-ри кат поврзан со внатрешни скали и товарен лифт 4м Х 2м моментално како уреден деловно изложбен простор со 6 канцеларии, 3 тоалети и кујна.
- 250м2 помошни простории како работилница и магацински простор. Сите простории и нивоа се лесно приспособливи за различни организациски потреби, овозможувајќи оптимално искористување на просторот.