Се продава ново планиран административно - деловен објект во Карпош.
Инвеститорите го градат објектот и го продаваат во состојба каде фасадата е комплетно завршена, поставени се системи за греење и ладење, а внатрешноста во состојба на карабина. Се работи за објект со следните параметри:
- бруто површина 1847м2
- висина на венец 17.50м
- П + 4
- парцела 801м2
- габарит 369м2
Фасадата на објектот во поголемиот дел е стаклена, заради доловување на административен естетски изглед, но и искористување на дневната светлина максимално, бидејќи станува збор за деловни простории. На делот каде се наоѓаат армирано – бетонските плочи и други конструктивни елементи и на одредени делови на приземјето, каде не се поставува стаклена фасада, се предвидува поставување на специјални панели со термоизолација “Trespa”.
Продажен Агент - Стефан Ѓоргиевски
- Контакт телефон: 0038978256471
- Е-маил: sales@propertyone.mk