

Прекрасен, класичен стан со големина од 200м2, лоциран во мирна населба од затворен тип со 24 часовно обезбедување. Исклучително внимание е посветено во делот на безбедноста и комфорот која ја нуди овој комплекс.
Станот располага со пространа дневна соба со камин и прекрасен поглед кон езерото на комплексот, 3 спални соби, 3 купатила, луксузно осветлување и комплетно опремена кујна.
Повеќе паркинг места на располагање.
Становите во комплексот, сите со поглед кон езерото, се комплетно изведени со висококласни материјали и секој располага со сопствен систем за греење и ладење. Луксузно живеење со 15,000 м2 уредено зеленило, езеро со површина од 5,000 м2, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, фитнес центар опремен со сауна и турска бања.