За објектот

Се продава нов стан со кровна тераса од 90м2, на одлична локација во Центар - Капиштец со поглед на Водно.

Станот е организиран на две нивоа и располага со вкупна површина од 160м2, со повеќе тераси.

Просторот е функционално распределен на следниот начин:

Долно ниво (74м2 без скалите):

  • Три спални соби
  • Две купатила
  • Простран ходник
  • Мала тераса со излез од две од спалните соби
  • Француски балкон во главната спална соба

Горно ниво (86м2):

  • Дневна соба со трпезарија
  • Кујна
  • Гостински тоалет
  • Помошна просторија (utility)

Станот располага со плочки прва класа од Italex, Roca керамика, таркет пастел екстра класа. Од дневната соба и кујната се излегува на кровна тераса со површина од околу 90м². Во задниот дел од терасата има ѕидан магацински простор, каде што ќе бидат сместени топлотните пумпи и кој ќе служи како складиште за потребите на терасата.

Греењето и топлата вода се решени со топлотна пумпа, а низ целиот стан, на двата ката, е инсталирано подно греење.
На второто ниво се поставени седум коморни прозори со Volkswagen лизгачки систем за отворање.

 


Агент за недвижности - Оливер Стојаноски

 

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
климатизирано
лифт
паркинг / гаража
поглед на планина
празен
приватно греење
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија