Ексклузивна станбена резиденција во Центар.
Достапни се нови станови во современ објект, со висок стандард на квалитет и комфор.
Објектот е внимателно проектиран за урбано живеење со чувство на приватност, на чекор од центарот на градот, паркови, ресторани и сите клучни градски содржини.
Достапни станбени единици:
- Стан бр.5 – 72м², на прв кат, со дневна соба со кујна и трпезарија, две спални соби, два тоалета и тераса.
- Стан бр.6 – 91м², на втор кат, со дневна соба со кујна и трпезарија, три спални соби, два тоалета и тераса.
- Стан бр.8 – 126м², на втор кат, со дневна соба со кујна и трпезарија, главна спална соба со сопствен тоалет и тераса, две дополнителни спални соби, два тоалета, остава и тераса.
- Стан бр.9 – 91м², на трет кат, со дневна соба со кујна и трпезарија, три спални соби, два тоалета и тераса.
- Стан бр.12 – 91м², на четврт кат, со дневна соба со кујна и трпезарија, три спални соби, два тоалета и тераса.
- Стан бр.15 – 117м² внатрешна површина со околу 50 м² приватна тераса околу целиот стан, на петти кат, со дневна соба со кујна и трпезарија и излез на тераса, главна спална соба со walk-in гардеробер и сопствен тоалет, две дополнителни спални соби и два тоалета.
- Стан бр.16 – 146м², на петти кат, со дневна соба со кујна и трпезарија, гостински тоалет, главна спална соба со сопствен тоалет и тераса, две дополнителни спални соби, втор тоалет и остава.
Греење и ладење:
- Градско парно греење
- Инсталација за климатизација
- Gree клима уреди во секоја просторија
Паркинг:
Подземна гаража (-1): 20.000 €
Паркинг на приземје: 20.000 € или 15.000 €
За секој стан е обезбедено по едно паркинг место
Квалитет на градба и материјали:
- Термо цигла 20 см (Младост, Србија)
- Фасадна топлотна изолација 12 см стиропор
- Rehau Artevo прозори со трослојно Saint Gobain стакло
- Италијанска керамика Marazzi
- Премиум санитарија Laufen
- Tarkett подови (2 см) од Alpod, Словенија
- Hansgrohe чешми и туш батерии
- Водоводна и канализациона мрежа Rehau Rausilento
За повеќе информации, контактирајте нe