

Се изнајмува магацински објект од 1700м2 во индустриска зона Илинден, поставен на парцела од 12.000м2
Објектот е функционално проектиран и погоден за складирање, производство, логистика или дистрибутивни активности, со можност за пренамена и прилагодување на внатрешниот простор според потребите на идниот корисник.
Халата е целосно завршена од надворешна страна, додека внатрешноста овозможува флексибилност за организација и уредување согласно бизнис потребите.
Инфраструктура и карактеристики:
приклучок на електрична енергија
водовод и одвод
сопствен бунар
оптички интернет
пристапен и функционален тампониран двор
Парцeлата е ограденa од три страни, со доволно простор за манипулација, пристап на товарни возила, паркинг или дополнителен развој.
Имотот е со чист имотен лист и сопственост на компанија, што овозможува сигурна и транспарентна трансакција.
Продажен агент: Нино Латиф