

Нови куќи достапни за продажба и изнајмување во Бардовци.
Нов приватен резиденцијален комплекс од 4 куќи со идентичен распоред и површина од 298м2, кои се наоѓаат на мирна и атрактивна локација во Бардовци.
Куќите се со јужна ориентација, која нуди убав поглед кон Водно и располагаат со:
Греењето и ладењето во куќите е регулирано со топлотни пумпи, кое е едно од најефикасните и најекономични начини на регулирање на температурата во домот.
Во деловите од куќите каде што подот е покриен со плочки температурата е регулирана преку подно греење, а во деловите обложени со паркет, преку фенкојлери.
Исто така, на секоја од куќите има сончеви колектори и секој кат во куќите располага со посебно броило за електрична енергија.
Санитаријата во куќите е со премиум квалитет од брендот Roca, чешмите се Grohe, браваријата е од еден од водечките и врвни брендови во тој сегмент Rehau, а подополагачкиот дел е решен со паркет од Spacva и шпански керамички плочки со врвен квалитет. Скалите и делови од кујната се од врвен прилепски бел мермер.
Пред секоја од куќите има сопствен паркинг простор и простор за летна тераса.
Прватата куќа од комплексот која располага и со двор од 250м2 има опција и да се продаде по цена од 300.000еур, а последната куќа која располага со двор од 400м2 има продажна цена од 360.000еур.
Цената за изнајмување на куќите изнесува 1800еур. на месечно ниво.
Продажен Агент - Стефан Ѓоргиевски