За објектот

Нови екскслузивни куќи достапни за изнајмување.

Нов приватен резиденцијален комплекс од 4 куќи со идентичен распоред и површина од 298м2, кои се наоѓаат на мирна и атрактивна локација во Бардовци.

Куќите се со јужна ориентација, која нуди убав поглед кон Водно и располагаат со:

  • три спални, од кои едната е со сопствена бања, помошна соба (перална) и голем балкон
  • пространа и светла дневна соба
  • кујна со трпезарија
  • работна соба 
  • голема остава
  • бања достапна за другите две спални соби
  • уште еден балкон до кој има пристап од една од помалите спални соби
  • гостински тоалет
  • сутерен кој располага со финска сауна со инфраред и простор за фитнес
  • машинска соба во сутерен каде што се сместени топлотните пумпи и болјерот

Греењето и ладењето во куќите е регулирано со топлотни пумпи, кое е едно од најефикасните и најекономични начини на регулирање на температурата во домот.
Во деловите од куќите каде што подот е покриен со плочки температурата е регулирана преку подно греење, а во деловите обложени со паркет, преку фенкојлери.
Исто така, на секоја од куќите има сончеви колектори и секој кат во куќите располага со посебно броило за електрична енергија.

Санитаријата во куќите е со премиум квалитет од брендот Roca, чешмите се Grohe, браваријата е од еден од водечките и врвни брендови во тој сегмент, Rehau, а подополагачкиот дел е решен со паркет од Spacva и шпански керамички плочки со врвен квалитет. Скалите и делови од кујната се од врвен прилепски бел мермер.

Пред секоја од куќите има сопствен паркинг простор и простор за летна тераса.

Прватата куќа од комплексот која располага и со двор од 250м2 има опција и да се продаде по цена од 300.000еур, а последната куќа која располага со двор од 400м2 има продажна цена од 360.000еур.

Цената за изнајмување на куќите изнесува 1800еур. на месечно ниво.
 

Продажен Агент - Стефан Ѓоргиевски

 


 

 

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
двор / градина
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
климатизирано
паркинг / гаража
поглед на планина
погодно за миленичиња
приватно греење
просторија за гардероба
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија