Прекрасна вила во медитерански стил на одлична локација на островот Крит, ексклузивно се изнајмува во сезона пролет-лето. Вилата е лоцирана во преубавиот град Кисамос, на само 180м од плажа.
Вилата располага со пространа дневна соба, комплетно опремена кујна со машина за садови и микробранова печка, 4 спални соби, од кои 3 спални соби на вториот кат и 1 спална соба на првиот кат, 3 тоалети со туш или бања, ТВ, интернет, клима уреди, балкон со поглед на море. Дворот на вилата располага со летна кујна и простор за скара, базен и голем двор опкружен со зеленило.
Повеќе паркинг места на располагање.
Ексклузивна понуда на резервации над 2 недели, бесплатно рент-а-кар возило.
Превоз од и до аеродром бесплатно за гостите на вилата. Вилата е лоцирана на 40км од аеродромот.
Цени од ден
01.05-30.06 - 170еур
30.06-15.09 - 470еур