За објектот

Се продава магацински објект од 1700м2 во индустриска зона Ќојлија, поставен на парцела од 12.000м2

Објектот е функционално проектиран и погоден за складирање, производство, логистика или дистрибутивни активности, со можност за пренамена и прилагодување на внатрешниот простор според потребите на идниот корисник.

Халата е целосно завршена од надворешна страна, додека внатрешноста овозможува флексибилност за организација и уредување согласно бизнис потребите.

Инфраструктура и карактеристики:

  • приклучок на електрична енергија

  • водовод и одвод

  • сопствен бунар

  • оптички интернет

  • пристапен и функционален тампониран двор

  • Најниска висина од 5.5метри и највисока висина до 7м

Парцeлата е ограденa од три страни, со доволно простор за манипулација, пристап на товарни возила, паркинг или дополнителен развој.

Имотот е со чист имотен лист и сопственост на компанија, што овозможува сигурна и транспарентна трансакција.

 

Продажен агент: Нино Латиф

 

Инфо
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија