За објектот

Се продава деловен објект со вкупна површина од 903м2, лоциран во Пинтија, со плац од 3757м².

Деловен објект лоциран на добро поврзана и лесно достапна локација во Пинтија, со брз и едноставен пристап до градот и главните излезни правци од Скопје, во деловно-индустриска зона, погодна за компании кои имаат потреба од функционален простор, добра логистика и организирана работна околина.

Објектот располага со вкупна површина од 903м² и е поставен на плац од 3.757м², со можност за понатамошен развој и проширување.

Распределен е на две нивоа:
Приземјето е функционално организирано и моментално се користи како складишен простор.
Првиот кат располага со целосно опремени канцеларии, погодни за административно и деловно работење.

Плацот нуди можност за дополнителна изградба на магацински објект до 1.000м², што овозможува прилагодување и проширување на капацитетите според потребите на сопственик.

Имотот е погоден за логистички центар, магацински и дистрибутивен објект, седиште на компанија или комбинирана деловна намена.

 

Продажен агент - Дамјан Димковски

Инфо
Контакт
+389 78 30 60 83
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија