

Се издава магацински простор во индустрискиот дел на Гази Баба, погоден за складирање, лесно производство или дистрибутивни активности.
Магацинот има вкупна површина од 1.500 м² со димензии 15 х 100 метри и висина од 9 метри. Просторот располага со доплнителен административен дел од 100 м², кој може да се користи како канцелариски простор за управување со магацинските активности.
Објектот е обезбеден со 24-часовно физичко обезбедување и видео надзор. Во рамките на комплексот има надворешен простор за манипулација со стока, како и обезбеден пристап за товарни возила. Магацинот има еден главен влез за камиони и посебен влез за работници, што овозможува лесна организација и безбедност при работа.
Просторот има природна дневна светлина, тоалети и мобилна канцеларија.
Цената за изнајмување изнесува 2,5 еур/м2 плус ДДВ.
Продажен Агент - Дамјан Димковски