За објектот

Се изнајмува магацински објект од 1500м², кој се состои од три објекти, изградени во 2009 година, во Ќојлија, Петровец.

Современ деловен објект со површина од 1500m² (вкупен имот 5000 m²), сместен во индустриската зона Чојлија – Петровец, на само 17 km од центарот на Скопје и во непосредна близина на Меѓународниот аеродром. Објектот е целосно ограден, обезбеден со видео надзор и противпожарен систем, и изграден според сите градежни стандарди. Погоден е за адаптација во казино, обложувалница, шоурум, магацин или комбинирана намена.

Главни карактеристики:

  • Вкупна парцела: 5000 m²
  • Вкупна затворена површина: 1500 m²
  • 3 одделни објекти, поврзани меѓусебно
  • Целосно поплочен двор со 2000 m² бетон
  • Сопствен паркинг, три влезни капии
  • Централно греење и целосна инфраструктура
  • Надвор од забранета зона (повеќе од 500 m од училишта)

Mагацин 1:

  • Димензии: 30м x 12м, висина 6м.
  • Структура: Тврда градба (постои можност за додавање на уште еден спрат поради големата висина на таванот). На 3м се поставени анкери кои можат да се искористат за поврзување на дополнителен спрат.
  • Врати: 1 голема метална врата (5м x 4,2м) и 2 помали врати за комуникација.

Објект:

  • Димензии: 15м x 16м, 2 спрата, висина 2,7м.
  • Структура: Тврда градба.
  • Функција: Изложбен салон, со Knauf плоча и стакло, гранитни плочки низ целиот простор.
  • Греење: Централно греење со фенкоилер единици.
  • Внатрешност: Објектот вклучува 5 канцеларии, 1 кујна и 4 санитарни чвора со 2 туш кабини.
  • Фасада: Стаклена фасада со совршена изолација на ѕидовите и таванот.
  • Мебел: Мебелот е по мерка и ќе остане во објектот.

Магацин 2:

  • Димензии: 36м x 12м, висина 6м.
  • Структура: Тврда градба, поставени анкери за можност за додавање на уште еден спрат.
  • Врати: 2 големи метални врати (5м x 4,2м) и 1 дополнителна врата за комуникација.

Дополнителни мали објекти:

  • 2 мали објекти за чувар: 2м x 2,5м.
  • 1 дополнителна просторија: 2м x 2м.

 

Продажен Агент - Дамјан Димковски:

Инфо
24ч контролиран влез
Контакт
+389 78 30 60 83
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија