За објектот

Се издава деловен простор 130м2 во Центар.

Деловниот простор е лоциран на приземје, располага со отворен простор со одвоена соба од 13м² (може да се користи како канцеларија или да се отстранат ѕидовите). Од овој дел, преку кружни скали, просторот располага со уште една просторија од 20м², која има тоалет и магацин.

Греењето е со подвижни мермерни грејни тела на струја, а ладењето со подвижна клима. Објектот има можност за приклучување на централно парно, бидејќи цевките се веќе поставени во внатрешноста, само треба да се постават радијаторите.

Плафонот е моментално на висина од 3,5м, а над таблите има уште 1м, што дава вкупна висина од 4,6м.

Подот е ламинат од 12мм, а под него се мермерни плочи од прилепски сивец.

 

 

Агент за недвижности - Оливер Стојаноски

Инфо
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија