За објектот

Се изнајмува нова комплетно опремена куќа во новиот дел на Бардовци, со вкупна површина од 800м2, од кои што 400м2 се дворно место и базен, а 400м2 се внатрешна површина на куќата.

Куќата е поделена на сутеренски дел, приземје, и два ката.

  • Сутеренскиот дел е со површина од 100м2, располага со посебен влез, голема просторија, две помали простории и тоалет. Овој спрат моментално е празен и е предвиден за место за релаксација.
  • Приземјето од куќата исто така располага со површина од 100м2 и располага со голем салон кој што излегува на голема тераса со поглед кон базенот, работна соба, опремена кујна и гостински тоалет.
  • Првиот кат е со површина од 120м2 и на овој кат се сместени спалните соби, моментално има три спални соби и голем ходник, но по потреба може да се прегради дел од просторот и да се приспособи како четврта спална. Секоја од спалните соби излегува на тераса. На овој кат има голема бања со џакузи, а мастер спалната располага и со сопствен тоалет.
  • Вториот кат располага со површина од 80м2 и овој кат е спремен како гостински апартман со три спални соби од кои што едната е голема спална соба со сопствена бања, една помала спална и третата спална е пренаменета како гардеробер соба. На овој кат има и тоалет каде што се сместени машините за перење и сушење. Овој спрат располага со пространи големи тераси.

Во предниот дел од куќата се наоѓа двор со зеленило, каде што се поставени лулашките за деца, а во задниот дел од дворот се наоѓа базенот.

 

Продажен Агент - Венијамин Карајанов

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
двор / градина
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
климатизирано
комплетно опремен
машина за перење / сушење
опремен
опремена кујна
паркинг / гаража
погодно за миленичиња
приватно греење
просторија за гардероба
џакузи
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија