За објектот

Комфорна куќа за изнајмување во Бардовци.

Куќата располага со вкупна површина од 400м2 и простран двор од 450м2, кој вклучува и базен. Сместена во најмирниот дел од Бардовци, оваа куќа нуди совршен баланс помеѓу комфор и природа. Првично впечатливиот екстериер на куќата гарантира приватност и уживање во отворениот простор. Во дворот, базенот е идеално место за освежување во топлите летни денови, како и убавата градина, придонесувајќи за пријатната атмосфера. 

Внатрешно, куќата е уредена со стил, пространата дневна соба и модерната кујна создаваат функционален и убав простор за опуштање и забава. Спалните соби се удобни и стилски, обезбедувајќи топол и пријатен престој за гостите.

Куќата е поделена на 2 нивоа во кои спаѓаат 6 спални соби, 2 дневни соби, 4 бањи и сауна.

Греењето и ладењето во куќата се регулирани преку клима инвертер уреди и приватно греење на струја со панелки. Куќата има и алармен систем и камери на секој агол.

Паркинг простор има обезбедено за 4 возила.

 

Продажен Агент - Благоја Ристиќ:

 

Инфо
24ч контролиран влез
балкон / тераса
двор / градина
домофон
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
камин
климатизирано
комплетно опремен
машина за перење / сушење
опремен
опремена кујна
паркинг / гаража
приватно греење
просторија за гардероба
Контакт
+389 78 30 60 83
Франклин Рузвелт бр. 11
Скопје, 1000, Македонија