За објектот

Се продава куќа, лоцирана во еден од најпрестижните делови на Бардовци. Распоредена е на три нивоа и нуди комфор, функционалност и приватност.

Распоред по нивоа:

Подрум: перална, тоалет, котлара со котел за парно греење на струја, резервоар за вода (во случај на прекин или слаб притисок) и две дополнителни простории.

Приземје: работна соба, пространа дневна соба со камин на дрва, трпезарија, целосно опремена кујна со нови апарати и бела техника, тоалет и голема тераса со излез кон дворот и прекрасен поглед.

Прв кат: четири спални соби со вградени плакари, главна спална соба со walk-in гардеробер, две бањи со тоалет. Секоја соба има сопствена тераса, а сите простории се опремени со клима уреди.

Двор: има површина од 500м2 и е хортикултурно уреден со автоматски систем за наводнување и надворешно осветлување со сензори.

Паркинг: Обезбедено е сопствено паркинг место за 2 до 3 возила.


Продажен агент: Дамјан Димковски

Инфо
балкон / тераса
двор / градина
интернет / ви-фи
кабелска / сателитска тв
камин
климатизирано
машина за перење / сушење
опремена кујна
паркинг / гаража
погодно за миленичиња
празен
приватно греење
Контакт
+389 78 30 60 83
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија