

Се продава куќа 828м2 на одлична локација во Сопиште.
Куќата има вкупна бруто површина од 192m2 распоредена на приземје и кат.
Изградена е од термо блок и цигла, што обезбедува одлична топлинска изолација и долготрајност. Темелите се цврсти, со основна бетонска плоча и дополнителни две плочи, кои ја зајакнуваат конструкцијата. Кровот е скриен тип, со бетонска плоча, дрвена конструкција и алуминиумски панели кои гарантираат заштита и модерен изглед.
Обезбедена е приклучок на градската водоводна мрежа и струја . Во куќата се поставени инсталации за струја и систем за безбедносни камери. Греењето е планирано по желба на купувачот – може да биде подно греење со котел на пелети или електрично.
Парцелата е целосно оградена со армирани бетонски ѕидови, што овозможува приватност и безбедност за вашето семејство.
На дворот има голем бетонски базен (8.40 x 4.40 м) со машинска просторија и систем за филтрирање, како и резерва за техничка вода со хидрофори и 3000 литри вода складирана во канистри.
Куќата е готова за вселување и може да се купи веднаш, или да се доработи според вашите желби.
Продажен агент: Дамјан Димковски
Контакт број: 0038978306083
Е-маил: sales@propertyone.mk