

Се продава плац од 7161м2 на самиот автопат Е-75 - на неколку километри од Неготино.
Се нуди на продажба атрактивна градежна парцела со површина од 7.161м², евидентирана како КП 3430/4, лоцирана во катастарска општина Неготино.
Парцeлата претставува одлична можност за инвеститори и компании кои бараат простор за развој на комерцијални или сервисни дејности, со оглед на нејзината површина, пристапност и потенцијал за понатамошна урбанистичка реализација.
Поради својата позиција и конфигурација, имотот нуди повеќе можности за развој, како што се деловни објекти, логистички и сервисни центри, магацински капацитети или други комерцијални содржини.
Локацијата и карактеристиките на парцелата ја прават особено погодна и за развој на бензинска станица или сличен тип на сервисен објект, при што соодветна урбанистичка маркица може да се обезбеди по аплицирање и одобрување од надлежните институции.
Имотот е со чист имотен лист, што овозможува сигурна и транспарентна трансакција.
Продажен агент: Нино Латиф