За објектот

Се продава модерна куќа на атрактивна локација во Маврово, поставена на плац од 570м², со вкупна нето површина од 440м².

Објектот е проектиран како две засебни станбени единици кои се архитектонски споени во една целина. Меѓусебно се поврзани преку внатрешен ходник со скали, но секоја има сопствен посебен влез и сопствена гаража и остава, што овозможува целосно одвојување и независно функционирање доколку е потребно. Концептот е идеален за две семејства или како инвестиција за изнајмување.

Распоредот во двете единици е идентичен и функционално организиран. На приземјето се наоѓа отворен простор со дневна соба, кујна и трпезарија, тоалет како и тераса. Дневниот дел располага со камин, големи прозори од под до плафон, кои овозможуваат максимална природна светлина.

На првиот кат се сместени две детски соби и master спална соба со сопствено купатило. На овој кат е изведена и целосно функционална сауна.

Куќата е технички комплетно опремена: греењето е решено со топлотна пумпа и подно греење, дополнително поставени се slim фан-којлери, а секоја единица има сопствена техничка просторија со smart систем за управување. Во двете единици има по еден камин.

Недвижност со јасен концепт, високо ниво на опременост и можност за користење како една поголема куќа или како две целосно одвоени станбени единици.

 

За повеќе информации, контактирајте нe:

Инфо
балкон / тераса
двор / градина
камин
комплетно опремен
машина за перење / сушење
опремен
опремена кујна
паркинг / гаража
приватно греење
Контакт
+389 78 24 94 88
бул. 8ми Септември бр.3
Скопје, 1000, Македонија