

Се нуди парцела со постоечки објект, опфатена со две урбанистички маркици со намена А1 - домување во станбени куќи, лоцирана во оформено станбено окружување во Тафталиџе 1.
Согласно важечката урбанистичка документација, предвидена е можност за развој на два индивидуални станбени објекти со следните параметри:
Маркица 1: максимална бруто изградена површина до 584 м², со површина на урбанистичка парцела од 348м2, површина на габарит од 195м2 и максимална дозволена височина од 8.80м - П+1+Пк.
Маркица 2: максимална бруто изградена површина до 411 м², со површина на урбанистичка парцела од 262м2, површина на габарит од 137м2 и максимална дозволена височина од 8.80м - П+1+ПК.
Парцелата овозможува флексибилност при планирање - изградба на две семејни куќи, двоен станбен концепт или инвестициски проект со јасно дефинирани урбанистички услови.
Продажен агент: Нино Латиф