

Се продава луксузна планинска куќа во Маврово
Сместена во тивка и приватна околина со отворен поглед кон планината, куќата е одличен избор и за викенд престој и како инвестиција за туристички наем од повисока категорија.
Куќата има вкупна површина од 300 м² на плац од 500 м² и е организирана на подрум, приземје, кат и поткровје. Располага со пространа дневна соба со камин и панорамски отвори, модерна кујна, три спални соби, пет бањи и посебна кино просторија за домашно уживање.
Објектот е изграден со квалитетни природни материјали како дрво и камен, со врвна столарија и современи решенија за комфор. Греењето е подно на топлотна пумпа, со резервен котел за сигурност во зимски услови.
Надворешниот дел нуди пространа тераса, уреден двор со приватност и паркинг простор. Локацијата е тивка и ексклузивна, идеална за одмор во текот на целата година.
За повеќе информации, контактирајте нe: