

Ексклузивна куќа 520м2 на парцела 755м2 на одлична локација во Тафталиџе.
Се продава луксузна куќа во Тафталиџе 2, лоцирана во мирна и атрактивна населба, идеална за семејно живеење и целосен комфор. Куќата е распределена на сутерен, приземје, кат и поткровје, со функционален распоред и квалитетна опременост.
Сутерен:
Сутеренот вклучува зимска дневна соба со трпезарија, остава/винарија, бања, техничка просторија и дополнителна остава.
Приземје:
Приземјето располага со пространа дневна соба и трпезарија во отворен простор, додека кујната е одделена. Долнително, има гостински тоалет и спална соба со сопствена бања, обезбедувајќи комфор и приватност.
Кат 1:
На првиот кат се наоѓа главната спална со гардеробер, тераса и сопствена бања, дополнителна спална соба со тераса и уште еден дневен простор кој може да се користи како спална, со тераса и тоалет.
Поткровје:
Поткровјето нуди затворен базен, сауна, бања и летна кујна, создавајќи простор за рекреација и релаксација.
Дворот е уреден и нуди целосно опремена летна кујна, идеална за семејни дружења
Куќата располага со затворена гаража за два автомобили, а пред гаражата има простор за паркирање на уште два возила. Греењето и ладењето се обезбедени со подно греење и топлински пумпи, со вградени фан-коилери кои овозможуваат рамномерна температура во целиот дом. Техничката вода е обезбедена со бојлер од 500 литри, кој гарантира постојано снабдување со топла вода.
За повеќе информации, контактирајте нe: