Пентхаус 133м2 со кровна тераса
Достапен за изнајмување е целосно наместен стан со три спални соби (93м2), опремен со модерен мебел, во населбата Водно. Овој ексклузивен стан за изнајмување нуди совршена комбинација на задоволство, удобност и практичност.
Карактеристики на станот:
- Пространа распределба со отворен концепт на дневната соба и големи прозорци за обилна природна светлина;
- Целосно опремена кујна со сите потребни апарати;
- Кровна тераса (дополнителни 40м2) опремена со седечки сет и дрвена пергола, како и дополнителен тоалет;
- Главна спална соба со кревет со димензии „king-size“;
- 2 дополнителни спални соби (едната целосно опремена детска соба);
- Неколку плакари со доволно простор за складирање во секоја од собите;
- Приватен балкон на нивото на станот за уживање во утринското кафе или релаксирање со вечерни погледи кон градот;
- 1 бања со туш кабина;
- 1 тоалет со вклучена машина за перење и сушење;
- Приватно паркинг место во затворена гаража.
Станот е лоциран на совршено место, само 5 минути од планинарската патека на Водно, 7 минути возење до центарот на градот и 25 минути пешачење до главниот плоштад.
Продажен Агент - Дамјан Димковски:
- Контакт телефон:0038978306083
- Е-маил: damjan@propertyone.mk