Се нуди нов деловен објект на одлична локација во Злокуќани
за објектот
Се нуди нов деловен објект на одлична локација во Злокуќани, организиран на три нивоа: подрум, приземје и прв кат.
Објектот е погоден за повеќе типови деловни активности и овозможува функционално одвојување на продажниот, магацинскиот и административниот простор.
Подрум
Подрумскиот дел располага со површина од 787 m² и е погоден за магацинско и логистичко користење.
Просторот располага со:
голема роло врата за лесен дотур и прием на роба;
дополнителен посебен влез за вработени;
функционален простор за складирање и организација на роба.
Приземје
Приземјето е предвидено за маркет / продажен простор и е организирано согласно потребите за малопродажна дејност.
Во рамки на приземјето има и мини магацин за складирање на роба, со сопствена роло врата која овозможува директен и практичен дотур без попречување на продажниот дел.
Прв кат
Првиот кат моментално се наоѓа во фаза на карабина, што претставува дополнителна предност бидејќи идниот корисник може целосно да го уреди и адаптира просторот согласно сопствените потреби.
Просторот може да се организира за различни намени, како канцеларии, административен простор, showroom, дополнителен продажен простор, услужни дејности или друга соодветна деловна намена.
Пристап и функционалност
Објектот располага со одделни влезови, од кои два се предвидени за потребите на маркетот, додека еден е наменет за магацинскиот простор.
Ваквата организација овозможува непречено функционирање на различните делови од објектот, како и независен пристап за клиенти, вработени и дотур на роба.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.




