Нов деловен објект во Визбегово со индустриска намена
за објектот
Се продава новоизграден деловен објект со индустриска намена, лоциран во индустриската зона Визбегово.
Објектот е проектиран како станица за технички преглед и сервис на товарни и патнички возила, со јасно дефинирани функционални целини и висока оперативна ефикасност.
Клучни параметри:
- површина на парцела: 2.637 m²
- основа на објект: 507 m²
- вкупна бруто развиена површина: 680 m²
- катност: приземје + кат (галерија)
Просторот е организиран во сервисен дел со канали за технички преглед и директен пристап за возила од две страни, како и административен дел со следнава распределба:
- канцелариски простор од околу 250 m² вкупно
- распределен на приземје и галерија (кат)
- приемен дел и шалтери
- повеќе канцеларии и работни простории
- придружни содржини (санитарии и комуникации)
Согласно урбанистичката намена, имотот е предвиден за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта, што овозможува широка примена – сервисен центар, логистички капацитет или индустриска дејност.
Ниската изграденост на парцелата овозможува дополнителен развој и проширување на постоечкиот објект, во согласност со потребите на идниот корисник или инвеститор.
Објектот претставува функционално и ретко решение на пазарот, со јасна намена, современа изведба и потенцијал за понатамошен раст.
Со одлична пристапност и директна поврзаност со главните сообраќајници.
За повеќе информации, контактирајте не:
Продажен агент: Дамјан Димковски
- Телефон: +389 78 306 083
- Е-пошта: contact@propertyone.mk
Контакт со агент
Контактирајте нè за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.




