Станови во модерен резиденцијален објект во Центар
за објектот
Во модерен резиденцијален објект лоциран во централното градско подрачје на Скопје, се продаваат два ексклузивни четворособни пентхаус стана во поткровје, секој со сопствена приватна кровна тераса и панорамски поглед кон градот.
Стан 2 – 63 м² на приземје кој располага со:
- Дневна соба
- Кујна
- Трпезарија
- Дегажман
- Две спални соби
- Два тоалети
На располагање е паркинг место на -1 ниво по цена од 22.000еур.
Можност да се користи и како деловен простор.
Стан 22 – 137 м² на поткровје кој располага со:
- Дневна соба
- Кујна
- Трпезарија
- Дегажман
- Три спални соби
- Три тоалети
- Четири тераси
На располагање е и кровна тераса со површина од 126м2 по цена од 900еур/м2 и паркинг место на -1 ниво по цена од 22.000еур
Стан 23 – 127 м² на поткровје кој располага со:
- Дневна соба
- Кујна
- Трпезарија
- Два дегажмана
- Четири спални соби
- Три тоалети
- Две тераси
На располагање е и кровна тераса со површина од 115м2 по цена од 900еур/м2 и паркинг место на -1 ниво по цена од 22.000еур
Становите се проектирани според најсовремените стандарди за домување, со функционален распоред, пространи дневни простории, повеќе спални соби, повеќе бањи и големи тераси кои нудат врвен комфор и приватност.
Објектот претставува современа архитектонска композиција изградена со висококвалитетни материјали и врвна материјализација. Конструкцијата е изведена како скелетен армирано-бетонски систем со висок степен на статичка и сеизмичка сигурност.
Фасадата е изработена со современ демит систем и 10 cm термоизолација, дополнета со декоративни композитни елементи, обезбедувајќи одлична енергетска ефикасност и современ архитектонски изглед.
Надворешната столарија е од реномираниот бренд REHAU со шесткоморни профили и четирисезонско стакло во антрацитна боја, што гарантира врвна топлинска и звучна изолација. Влезните врати се сигурносни Securemme, додека балконските огради се изведени од калено стакло со алуминиумски профили.
Внатрешните простории се опремени со првокласен трослоен паркет, висококвалитетна италијанска керамика, како и санитарии од познатите брендови Roca и Grohe.
Објектот се наоѓа на атрактивна и мирна локација во Центар, во непосредна близина на училишта, градинки, здравствени установи, трговски центри и сите неопходни содржини за современ урбан живот.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.







