Property One LogoProperty One Logo
Инвестициски проект од 11 градежни парцели во Ѓорче Петров - За Продажба - Ѓорче Петров - Слика 1
19 октомври 2025
ID15153P
Проекти
За Продажба

Инвестициски проект од 11 градежни парцели во Ѓорче Петров

Location
Локација
Ѓорче Петров

за објектот

Се нуди за продажба инвестициски проект составен од 11 градежни парцели, распределени во 2 катастарски парцели.

Во поголемата катастарска парцела се наоѓаат 7 градежни парцели, додека во другата се предвидени 4 градежни парцели.

Секоја градежна парцела е со намена А1 – домување во станбени објекти, со можност за изградба на објекти со по 4 станбени единици, согласно важечките АУП-и усвоени од Општина Ѓорче Петров.

За сите парцели се изработени и усвоени идејни проекти, врз основа на кои се подготвени и основни проекти со сите фази, вклучително и мислење од ИЗИИС. Истите може веднаш да се аплицираат во општина за добивање одобрение за градење.

Според проектната документација:

  • Во секој објект се предвидени по 4 станови (по еден на кат)

  • Становите се со две спални соби и пространи тераси

  • Обезбедени се паркинг места во рамки на парцелите

  • На приземје се предвидени деловни простори

  • На ниво -1 се предвидени подрумски простории

Вкупната проектирана нето површина изнесува 2.662 м².
 

Продажен Агент – Дамјан Димковски

Контакт со агент

Контактирајте нè за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.

Продажен Агент

Property One
Сите права задржани © 2026 Property One Real Estate & Development