Плац во Добри Дол

за објектот
Се продава атрактивен плац со површина од 2.165 m² во Добри Дол, на локацијата Кушица, со директен пристап од пат и прекрасен панорамски поглед кон околината.
Добри Дол во последните години станува сѐ поатрактивна локација за изградба на викенд куќи и туристички капацитети, благодарение на мирната природа, чистиот воздух и близината до Скопје. Имотот претставува одлична можност како за приватна викенд куќа, така и за инвеститори кои размислуваат за изградба на повеќе викенд куќички за краткорочно изнајмување, концепт кој бележи сѐ поголема побарувачка.
Плацот располага со струја и вода, уредна документација, а во тек е и постапка за добивање маркица за градба. Дополнителна предност е можноста за поделба на парцелата, што отвора простор за реализација на повеќе самостојни објекти и зголемување на инвестицискиот потенцијал на имотот.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.
