Деловен простор за изнајмување во Diamond
за објектот
Се издава комплетно нов, ненаместен деловен простор со вкупна површина од 73м², лоциран во модерен деловно-станбен комплекс со трговски центар, на една од најатрактивните локации во градот.
Просторот располага со:
– Просторна open space работна зона
– Можност за организација и адаптација според потребите на закупецот
– Два тоалети
– Тераса со прекрасен поглед кон градот
Греењето е регулирано преку централно градско греење, а просторот е опремен и со клима уред.
Во цената е вклучено и паркинг место во гаражата на комплексот.
Деловниот простор нуди одлична функционалност, комфор и престижна локација, што го прави идеален избор за канцеларии, претставништва, консултантски компании и други деловни активности.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.







