01 / 21
O64360ID
Деловен простор
За Изнајмување
Се изнајмува ексклузивна куќа во Жданец -погодна за деловен простор
Површина
m²
Локација
Карпош
за објектот
Се изнајмува репрезентативна куќа на мирна и атрактивна локација во населба Жданец, со вкупна површина од 900 м² и простран, хортикултурно уреден двор.
Благодарение на големата квадратура, функционалниот распоред и повеќето независни простории, имотот е одличен избор за седиште на компанија, амбасада, приватна клиника, канцелариски простор, едукативен центар или друга деловна намена.
Куќата е распоредена на повеќе нивоа:
- Приземје – пространа дневна просторија со директен пристап до дворот, дополнителна соба, кујна и гостински тоалет
- Прв кат – голем дневен простор со трпезарија, пространа соба, комплетно опремена кујна, бања и гостински тоалет
- Втор кат – две пространи соби, дневен простор со тераси и прекрасен поглед кон градот, две бањи и гостински тоалет
- Последен кат – голема master просторија со сопствен тоалет и гардеробер, погодна и како директорска канцеларија или приватен дел
Дополнително, имотот располага со:
- Простран и уреден двор
- 3 гаражни места
- Паркинг простор за уште 2 возила пред куќата
- Голем број простории кои можат лесно да се адаптираат според потребите на компанијата
- Мирна и престижна локација со лесен пристап до централното градско подрачје
Имотот нуди одлична комбинација на репрезентативност, простор, приватност и функционалност, што го прави особено погоден за деловни корисници кои бараат повисок стандард.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.





















