Деловен простор 640м2 за изнајмување во Гази Баба
за објектот
Се издава деловен простор во нов модерен објект
Просторот се предава во „сива фаза“, со целосно завршени бетонски елементи (под, плафон и вертикални конструкции), што му овозможува на закупецот целосна слобода за внатрешно уредување и адаптација според сопствените потреби и дејност.
Во просторот се изведени:
- Алуминиумска фасадна столарија со термо-профили и термопан стакло.
- Приклучок за електрична енергија.
- Приклучоци за водовод и фекална канализација.
Изведбата на внатрешните електро, водоводни и канализациски инсталации, како и сите завршни градежно-занаетчиски работи, се обврска на закупецот.
Во деловниот простор не се предвидени системи за греење, ладење и вентилација. Доколку закупецот има потреба од вакви системи, нивната набавка и монтажа се реализираат согласно сопствените барања и на сопствен трошок.
Фасадата на објектот е изведена согласно архитектонскиот проект и не се дозволени интервенции што би го нарушиле нејзиниот изглед.
Дополнителна предност:
- Обезбедени 15 паркинг места.
Просторот е идеален за канцеларии, салон, изложбен простор, медицински ординации, ИТ компании, едукативен центар и други деловни намени, со можност за целосно прилагодување на ентериерот според потребите на идниот закупец.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.







