Деловен простор за продажба во Аеродром
за објектот
Се продава функционален деловен простор со вкупна површина од 82 м², сместен на приземје, со посебен влез директно однадвор и без скали.
Просторот се наоѓа во Аеродром, во соседните згради на ТЦ Бисер, на атрактивна и лесно достапна локација, во реон со ограничена понуда на слични деловни простори. Станува збор за ниска зграда со само две катови над просторот, што дополнително придонесува за практичноста и пристапноста на имотот.
Просторот е моментално адаптиран и се користи како медицинска ординација, уреден согласно потребните стандарди за оваа намена. Лесно може да се адаптира и за различни други деловни намени, во зависност од потребите на идниот сопственик или закупец.
Распоред:
-
Поголем приемен / влезен простор
-
3 одделни канцеларии / ординации
-
Мала кујна
-
WC
-
Остава
Просторот е целосно и детално реновиран во 2021 година, при што се изведени нова влезна врата, заменети прозори, израмнет под, медицинска подлога, мијалници во просториите и ново LED осветлување. Инсталациите за струја, вода и парно се претходно целосно обновени.
Греењето е на градско парно.
На располагање е и ограден двор од околу 100 м², кој практично се користи исклучиво со деловниот простор и претставува значајна дополнителна вредност, особено за дејности на кои им е потребен надворешен простор.
Инвестициска можност
Дополнителна предност е што просторот моментално има долгорочен и редовен закупец – матичен лекар, со редовно плаќање на закупнината и сметките. Ова го прави имотот интересен и како инвестициска можност со веќе воспоставен приход од закуп, без потреба од дополнително уредување или барање нов закупец.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.















