Магацин за изнајмување во Пробиштип
за објектот
Магацински простор со соларен систем за производство на електрична енергија – Плешенци, Пробиштип
Се изнајмува деловен магацински простор со површина од 681 м², со правоаголна форма и функционален распоред, погоден за складирање, производство или друга деловна намена.
Објектот располага со квалитетна фасадна столарија, поставени 3 надворешни и 2 внатрешни метални врати, како и метална решеткаста конструкција со пластифициран лим како покрив. Изведени се примарна и секундарна водоводна, канализациона, електрична и интернет инсталација, со што просторот е целосно подготвен за деловно користење.
На покривната конструкција се поставени фото-напонски панели за производство на електрична енергија, со максимален инсталиран капацитет до 1 MW, односно систем со моќност од 37,60 kW, кој овозможува значително намалување на трошоците за електрична енергија и енергетска ефикасност на објектот.
Објектот претставува одлична можност за магацин, производен погон, логистички центар или деловна активност.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.







