Индустриски објект 755м2 во Петровец
за објектот
Се продава индустриски објект со површина од 755 м² и земјиште со вкупна површина од 3.017 м² во Петровец, во непосредна близина на Меѓународниот аеродром Скопје.
Објектот располага со:
- Канцелариски простории
- Магацински простор со електрична роло врата
- Кујна
- Три тоалети
Објектот е нов, досега некористен и поврзан со водоводна и електрична мрежа.
Земјиштето е целосно оградено и тампонирано, со обезбеден простор за пристап и маневрирање на возила.
Согласно важечкиот Детален урбанистички план (ДУП), постои можност за проширување на постојната површина на објектот, односно доградба на уште еден дополнителен кат над постојниот објект. Ова овозможува значително зголемување на вкупната корисна површина и дополнителен потенцијал за развој и проширување на деловните активности.
Напомена: На наведената продажна цена дополнително се пресметува ДДВ.
Контакт со агент
Контактирајте нѐ за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.




