Property One LogoProperty One Logo
Плац 4607м2 во Визбегово - За Продажба - Бутел - Слика 1
27 октомври 2025
ID14934L
Плацеви
За Продажба

Плац 4607м2 во Визбегово

Area
Површина
Location
Локација
Бутел

за објектот

Се продава плац 4607м2 со маркица за градба лоциран во Индустриска зона Визбегово.

Земјиштето се наоѓа во индустриска зона со пристапен пат и можност за приклучок на основна инфраструктура (вода, струја, канализација). Парцелите се погодни за изградба на индустриски и стопански објекти според важечкиот урбанистички план.

Намена според урбанистички план:
Лесна и незагадувачка индустрија, производствени погони, магацини и стоваришта, логистички и дистрибутивни центри, сервисни објекти и деловно-административни простории поврзани со индустриската дејност.

Урбанистички услови за градба:

  • Максимална изграденост до 70% од површината на парцелата.
  • Можност за изградба на објект со катност П+1 или П+2, согласно урбанистички проект и одобрение од Општина Бутел.
  • Останатиот дел од парцелата е предвиден за двор, паркинг, зеленило и пристапи.

Локацијата е исклучително погодна за инвеститори кои планираат изградба на производствен, магацински или логистички објект, како и за компании кои имаат потреба од поголем индустриски плац во рамки на градот Скопје со добра сообраќајна поврзаност.

 

Продажен Агент – Дамјан Димковски

 

Контакт со агент

Контактирајте нè за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.

Продажен Агент

Property One
Сите права задржани © 2026 Property One Real Estate & Development