Модерна куќа 429м2 во Тафталиџе
за објектот
Луксузна, модерна и пространа семејна куќа 429м2 со приватен базен и уреден двор – достапна за продажба во Тафталиџе.
Оваа модерна куќа е комплетно опремена и сместена на мирна локација во Тафталиџе, идеална за семејно живеење.
Нуди комфор, приватност и внимателно организиран простор – создаден за удобен секојдневен живот и вистинско уживање.
Комплетно е опремена и располага со:
- Пространа дневна соба поврзана со трпезарија
- Пет спални соби
- Пет тоалети
- Балкон што се протега на двете страни од куќата, со отворен поглед кон југ
- Базен со платформа и систем за автоматско отворање и затворање
- Надворешна летна кујна
- Теретана
- Сауна
- Изолирана просторија погодна за домашно кино или музичко студио
- Остава и подрумски простории
Обезбеден е сопствен паркинг простор за пет возила, а опремена е со соларен систем, енергетски ефикасен систем за греење и ладење преку водни пумпи, што овозможува ниски годишни трошоци и еколошки бенефит.
Дворот е хортикултурно уреден, создавајќи пријатна атмосфера за одмор, семејни активности и дружење на отворено.
Овој имот претставува идеална можност за оние што бараат квалитетен дом со приватност, простор и современи решенија во еден од најбараните делови на градот.
Контакт со агент
Контактирајте нè за да закажете посета и за повеќе информации за недвижноста.





















